17 февруари, 2013

Погледнете го „Get a Job“ од Госип

По кратка пауза, бендот Госип се враќа со нов видео запис. Станува збор за нумерата „Get a Job“, која е дел од нивниот минатогодишен албум „A Joyful Noise“ и која зборува за богатите деца: „Песната е за сите богати деца кои ги знаевме кога бевме помлади, деца кои никогаш немаа работа, но секогаш имаа пари за забави или фризерски салони. Ние ќе се вратевме дома од работа во ресторани за брза храна, а тие  ги трошеа парите на нивните родители за водка или скапи ташни“ – изјавиле членовите на бендот. Овој видео запис е веројатно најдобрата одмазда. Погледнете како тоа изгледа.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑