30 март, 2014

Погледнете го „G.U.Y“ од Лејди Гага

Лејди Гага минатата недела го претстави нејзиниот трет сингл од актуелниот албум „#ARTPOP“, а темата насловена „G.U.Y.“ официјално ќе биде издадена на 8-ми април. Промовирајќи ја новата песна, пејачката сними доста долг видео запис насловен „G.U.Y. – An ARTPOP film)“ кој трае околу 12 минути и во кој, покрај главната песна, може да се слушне и дел од „Venus“. Во оваа долга верзија на видео записот, Гага е прикажана како ангел кој паѓа од небото прободен со стрела, а прикажани се и имитации на Исус, Мајкл Џексон и Џон Ленон.

Покрај долгата 12-минутна верзија, Гага деновиве ја претстави и „нормалната“ верзија насловена „G.U.Y. – An ARTPOP Film (G.U.Y.-only version). Кратката верзија можете да ја погледнете горе, а комплетниот видео запис во продолжение.

 



Врати се горе ↑