22 септември, 2014

Погледнете го „Fireball“ од Питбул

Песната која беше претставена како прв официјален сингл од престојното издание „Globalization“ на Питбул, песната „Fireball“ во која гостува Џон Рајан, деновиве доби свое видео издание. Интересно е тоа што дејствието е сместено во дваесеттите години од минатиот век, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

„Globalization“ ќе биде осми студиски албум за 33-годишниот рапер, но сè уште не се познати деталите околу датумот на објавување, како и списокот на песни кои ќе ги содржи.



Врати се горе ↑