25 април, 2013

Погледнете го „Fire We Make“ од Алиша Киз и Максвел

Во октомври минатата година, Алиша Киз го најави нејзиниот нов албум со истоимениот прв сингл „Girl On Fire“, а следниот месец беше претставена и песната „Fire We Make“, чија продукција ја потпишуваат самата Киз заедно со ПопВансел и Оаквуд, а гостува Р&Б пејачот Максвел. Сега, овој најверојатно трет сингл од актуелното петто по ред студиско издание, доби и свој видео запис во режија на Крис Робинсон. Приказната е сместена во Њу Орлеанс во периодот од педесеттите години на минатиот век и неповторливата атмосфера на познатиот „француски кварт“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑