13 мај, 2014

Погледнете го „Fire“ од Мишел Вилијамс

Триото Дестинис Чајлд својот последен студиски албум го претстави пред 10 години, а оттогаш Бијонсе стана поп дива, Кели Роланд продолжи да ја гради својата сè поуспешна кариера, а третата членка Мишел Вилијамс, покрај соло кариерата се посвети и на театарот. Таа се појави во неколку мјузикли како што се „The Color Purple“, „Chicago“ и „Fela“, а неодамна го потврди и учеството во „Jesus Christ Superstar“. Покрај театарот, Мишел објави три албуми од кои последниот „Unexpected“ излезе во 2008 година.

Пејачката го најави својот четврти по ред студиски албум „Journey To Freedom“ за оваа година, а неодамна го претстави и вториот сингл од ова издание. Песната насловена „Fire“ доби и своја видео адаптација во режија на Дерек Бленкс, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑