9 февруари, 2013

Погледнете го „Financial Freedom“ на Фифти Сент

Фифти Сент е навистина неверојатен тип, а неговата најнова неверојатна приказна е следната: на 6-ти февруари 2003 година тој го објави неговиот сега легендарен албум „Get Rich Or Die Tryin’“, кој подоцна беше продаден во преку 8 милиони примероци со што стана четврт најпродаван хип-хоп албум во историјата, а во средата, на 6-ти февруари 2013 година, раперот се сети дека поминаа точно 10 години од објавувањето на албумот, па истиот ден ја напиша новата песна „Financial Freedom“, за како што вели „секој пат кога ќе ја чуе, да се потсети на неговиот наслов од пред 10 години“.

Претпоставуваме дека видео записот е снимен во четвртокот, бидејќи популарниот Фифти го претстави ова видео издание вчера (петок). Како што напишал на неговиот блог, во видео записот „нема девојки, нема злато, само сурова енергија“, а како што додава магазинот Idolator, сепак има по некоја реклама за одреден производ. Погледнете како тоа изгледа.

 



Врати се горе ↑