27 ноември, 2013

Погледнете го „Feelin’ Myself“ од Вил Ај Ем, Мајли Сајрус, Виз Калифа и Френч Монтана

Американскиот музичар и продуцент Вил Ај Ем во април годинава го објави својот четврт студиски албум насловен „#willpower“, кој вчера доби и свое реиздание. Токму оваа нова верзија на албумот е најавена со новиот сингл „Feelin’ Myself“ во кој гостува Мајли Сајрус и раперите Виз Калифа и Френч Монтана, песна која ќе го заземе местото на соработката со Крис Браун, темата „Let’s Go“ (можеби причината за тоа е што Вил и Браун беа обвинети за плагијат), а новиот видео запис можете да го видите горе.

Уште една новост поврзана со овој музичар е неговото учество во австралиската верзија на музичкиот натпревар „The Voice“, каде што ќе има улога на судија и ментор заедно со колегите Кајли Миног, Рики Мартин и Џоел Меден. Вил веќе ја имаше истата улога во британската верзија на овој натпревар, кој веќе се подготвува за трета сезона, а дел од првите две сезони покрај Вил беа и Џеси Џеј, Дени О’Донохју и легендарниот Том Џонс.

 



Врати се горе ↑