18 декември, 2013

Погледнете го „Feel Good“ од Робин Тик

Сопственикот на еден од најголемите хитови за 2013 година, американско-канадскиот музичар Робин Тик во јули годинава го објави својот шести студиски албум насловен „Blurres Lines“, кој го најави со истоимениот мега-хит. Музичарот чии родители се американската актерка Глориа Лоринг и канадскиот актер и музичар Алан Тик, како автор на музичката сцена e активен од 1994 година, но како изведувач  дебитираше во 2002 година со темата  „When I Get You Alone“. Сепак во светски рамки најпознат стана со горенаведениот хит сингл, за кој соработуваше со познатиот продуцент Фарел Вилијамс и раперот Ти Ај.

По „Blurred Lines“ следеше синглот „Give It 2 U“, а кон средината на ноември како трет сингл беше промовирана темата „Feel Good“. Токму оваа песна која заеднички со Тик ја потпишуваат автори како што се Вил Ај Ем и Кендрик Ламар, деновиве доби и свое видео издание, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑