21 јули, 2013

Погледнете го „Exotic“ од Пријанка Чопра и Питбул

Индиската суперѕвезда Пријанка Чопра (Priyanka Chopra) неодамна го претстави новиот сингл насловен „Exotic“ во кој гостува „неизбежниот“ Питбул. Песната е втор сингл кој го најавува првиот студиски албум за 31-годишната актерка, пејачка и сопственичка на титулата „Мис на светот“ за 2000 година. Новиот материјал во моментов се снима во Лос Анџелес, а продукцијата ќе ја потпише РедУан (RedOne).

Видео записот за „Exotic“ можете да го погледнете горе, а ремикс изданието за кое беше задолжена британската екипа Мото Бланко можете да го слушнете во продолжение.

 

Извор: idolator.com



Врати се горе ↑