20 декември, 2013

Погледнете го европскиот видео запис на Дон и Андреј ДНК

Како што веќе беше најавено, видео записот што бизнисменот Дон и Андреј од ДНК го снимија низ европските метрополи Виена, Париз, Милано и Венеција денеска е пуштен во медиумскиот простор. Интересната видео репортажа за нивната заедничка песна „Круг“ е зачинета и со прекрасни кадри од Сани Бич, каде што се појавува и актуелната Мис на Македонија, прекрасната Симона Станковска.

„Спакувавме едно интересно несекојдневно видео со кадри од Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св. Марко во Венеција кои ги посетивме со Андреј и екипата на 2С Продукција која што го работеше спотот. Се надевам дека спотот, а и самата песна ќе ѝ се допаднат на публиката затоа што носи искрена порака во себе. Почетокот на текстот ја искажува скриената желба на многу луѓе за материјални вредности, но во последните стихови се објаснува дека вистинската вредност не е во парите и славата туку во духовните вредности како љубовта и среќата“ – изјавува Дон.

Комплетниот текст со моќната порака на „Круг“ го напиша самиот Дон, а композиторот Лазар Цветкоски ја направи музиката, аранжманот и  продукцијата на песната.



Врати се горе ↑