1 ноември, 2013

Погледнете го „Еси ми добар“ од Бед Копи

Белградкото хип-хоп трио Бед Копи деновиве го претстави својот нов видео запис за темата „Еси ми добар“, која се најде на нивниот актуелен албум „Кригле“, кој летово беше концертно промовиран и кај нас, во скопскиот клуб Сектор 909. Во новиот видео запис кој е снимен во ромска населба,  Скај Виклер, Ајс Нигрутин и Тимбе се појавуваат со тетоважи од познати ликови како што се Роки Балбоа, Ту Пак, Предраг Живковиќ Тозавац и Саша Поповиќ, а Скај носи маичка со ликот на Цеца, претставена како светица, а малите Роми ѝ палат свеќи и ѝ се молат.

Исто така, на ѕидовите во ромската населба можат да се видат графити од поранешни и сегашни српски политичари кои се претставни како светци. Познатите рапери остануваат доследни на својот цинизам, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑