8 јануари, 2015

Погледнете го „Elastic Heart“ од Сиа

Австралиската музичарка и хит-мејкерка Сиа го објави видео записот за темата „Elastic Heart“, која е дел од саундтракот за второто поглавје од светската мега-сензација „Игри на глад“. Овој хит, кој  пејачката го сними заедно со Викенд и кој го продуцираше Дипло, беше објавен во октомври 2013 година. Во новиот видео запис во гланата улога повторно ќе ја видите Меди Зиглер, девојчето кое го воодушеви светот во екранизацијата за Chandelier, хит кој е номиниран во 4 категории за претстојните Греми награди, како и холивудската ѕвезда Шаја ЛеБоф.

 Видео записот во режија на Сиа и Даниел Аскил, а со корегорафија на Рајан Хефингтон, можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑