8 јануари, 2015

Погледнете го „Еден ден“ од Мијата и Андријана Јаневска

Веќе имавте можност да ја слушнете празничната тема „Еден ден“, со која Андријана Јаневска и Мијата ја заокружија минатата 2014 година, а токму пред најголемиот христијански празник Божиќ стигна и нејзината екранизација, за која се погрижи екипата од „Томато продукција“. Дуетската тема е е авторско дело на Мијата, која ги потпишува музиката и текстот, аражманот го направи Јаневска, придружните вокали ги отпеа Николина Јаневска, а аудио продуцент е Драган Гиновски-Гино.

Песната е субвенционирана на третиот квартален конкурс од страна на МТВ за поддршка на македонска музика. Спиритуалноста и свеченоста ја прават оваа песна прекрасна Божиќна честитка, а како изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑