16 јуни, 2013

Погледнете го дуетот на Ерос Рамацоти и Никол Шерцингер

Од актуелниот албум „Noi“ од италијанскиот шармер Ерос Рамацоти, пристигна новиот сингл „Fino All’Estasi“ (To Ecstasy), во кој гостува поранешната членка на Пусикет Долс – Никол Шерцингер. Рамацоти својот дел го пее на италијански јазик, додека Никол својот го пее на англиски. Со оглед на тоа што албумот е снимен и на инталијански и на шпански јазик (шпанската верзија е насловена „Somos“), исто како и претходниот сингл „Questa Nostra Stagione, така и овој е претставен во две верзии.

Видео записите беа претставени на 11-ти овој месец, а како звучи и изгледа дуетот помеѓу овие два музичари можете да погледнете горе (италијанска верзија) и долу (шпанска верзија насловена „Hasta El Éxtasis“).

 

 



Врати се горе ↑