11 јануари, 2014

Погледнете го „Драга трага“ од Памперс

Како што Ви пренесовме неодамна, битолскиот состав Памперс деновиве го претстави видео записот за својот нов сингл „Драга трага“, како најава за вториот студиски албум насловен „Mind Games“. Новиот видео запис беше премиерно прикажан на регионалниот канал MTV Adria, а деновиве веќе може да се погледне и на нивниот канал на ЈуТјуб. Песната е снимена во „Ателје студио“, како автори се потпишуваат самите членови на бендот (музика на Даниел Митревски и Ирена Димовска, текст на Мирко Пејковски), а видео записот во режија на Александар Јонациќ е дело на „Trivia production“. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑