12 октомври, 2013

Погледнете го документарниот филм на Џеј Зи „Made In America“

Во септември годинава, Џеј Зи беше организатор на второто издание на фестивалот „Made In America“ кој се одржуваше во Филаделфија и во чии рамки настапија бројни музички имиња како што се Бијонсе, Најн Инч Неилс, Келвин Харис, Ејсеп Роки, Кендрик Ламар и многу други. Токму за овој спектакуларен настан беше снимен и документарен филм, чија режија ја потпишува Рон Хауард и во кој покрај Џеј Зи се појавуваат и неговата сопруга, Ран ДиЕмСи, Прл Џем, Џанел Моне, Рита Ора и Скрилекс. 

Филмот всушност ги доловува размислувањата и ставовите на раперот, кој зборува за моќта на музиката и неговата визија да ги обедини луѓето преку неа. Својата премиера ја доживеа на филмскиот фестивал во Торонто, а вчера (11-ти октомври) беше премиерно прикажан и на каналот HBO. Целиот филм кој трае час и половина можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑