29 јули, 2013

Погледнете го „Дојди со мене“ од Елена Миленковска

Плажа, море, зајдисонца кои го одземаат здивот – песната „Дојди со мене“ на Елена Миленковска доби видео запис соодветен за нејзиниот заразен брз ритам. Видеото се снимаше на неколку локации во Торони, Халкидики и во него се појавуваат и 15-тина манекенки од модното студио Црнокрак. За потребите на спотот во Грција од Скопје патуваше повеќе од 30-члена екипа, а Горила продукција се погрижи снимањето да помине во најдобар ред.

Како и за претходниот видео запис, и за „Дојди со мене“, Елена соработуваше со режисерот Владимир Дади Ивановски, кој во сценариото повторно успеа да вметне згоден партнер за неа – манекенот и топ модел Нинослав Милошевски„Дојди со мене“ е дело на Лазар и Магдалена Цветскоски, кои се погрижија за музиката и аранжманот, односно текстот. Елена не планира да застане и да одмори, туку веќе започна да работи нејзиниот следен музички проект.



Врати се горе ↑