15 октомври, 2014

Погледнете го „Дојди ми“ од Ламбе Алабаковски

По минатогодишната победа на „Скопски фестивал“ со темата Ќе те чекам јас“ и хитовите „Земи сè“ и „Кога те имам“,  Ламбе Алабаковски неодамна го претстави својот нов сингл и видео запис. Станува збор за песната насловена „Дојди ми“, чии автори се Јован Јованов (музика и аранжман) и Елвир Мекиќ (текст), а екранизацијата која се снимаше во Охрид е дело на продукцијата „Фабрика“. „Дојди ми“ воедно е и најава за новиот албум на Алабаковски, кој би требало да излезе наскоро. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑