18 декември, 2012

Погледнете го „Добре ствари“ од Џа или бу

На регионалниот канал на MTV вчера точно на пладне беше премиерно прикажан спотот за песната „Добре ствари“ на култниот белградски бенд Џа или бу. Оваа песна ќе се најде на долгоочекуваниот нов албум на бендот насловен „Куково лето“, кој е сниман во текот на минатата година во студиото Фабрика, а го продуцирал Теодор Јани, некогашен продуцент на бендот Екатарина Велика. Исто така, оваа нумера се наоѓа и на истоимената компилација која бендот ја објави по повод 25 години постоење и која бесплатно можете да ја преземете на веб страната на MTV. Изданието „Добре ствари“ симболично содржи 25 песни, одбрани од страна на членовите на бендот. Во рамките на оваа компилација се наоѓаат три повторно снимени песни од првиот албум „Хеј морнари“, како и три од новиот албум „Куково лето“, а тоа се актуелните синглови „Вип“ и „Добре ствари“, како и песната „Ризик“.

Бендот Џа или бу е основан во 1987 година во Белград и до сега има снимено шест студиски албуми, вклучувајќи го и новиот албум „Куково лето“. Бендот е составен од Небојша Симеуновиќ Сабљар – вокал, Игор Паниќ Зиги – гитара, Владан Васиљевиќ Васкез – гитара, Владимир Маркош – бас и Дејан Милојевиќ Кид – тапани. Џа или бу во моментов се на голема регионална турнеја, а во текот на тримесечните концертни активности, групата планира да го објави новиот студиски албум „Куково лето“.

Извор: mtv.rs

 



Врати се горе ↑