3 јануари, 2014

Погледнете го „Dirty Love“ од Кеша

Американската пејачка Кеша минатата 2013 година ја заокружи со нов видео запис. Имено, на 31-ви декември таа го претстави видео записот за темата „Dirty Love“, за која соработуваше со познатиот американски музичар Иги Поп. Песната која ја продуцираше познатиот Д-р Лук, се најде на нејзиниот последен албум „Warrior“, кој го објави кон крајот на 2012 година. Во оригиналната верзија се појавува и Иги Поп, но во оваа верзија воопшто го нема, а неговото отсуство Кеша го надополни со комични моменти. Интересно е тоа што овој видео запис го режирала самата Кеша, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑