27 јуни, 2014

Погледнете го „Дими Џам“ од Слаткаристика, Тајзи и Ферус

Како што беше најавено, вчера вечерта на ЈуТјуб каналот на Слаткаристика беше поставен неговиот нов видео запис за песната насловена „Дими Џам“, во која гостуваат колегите Тајзи и Ферус Мустафов, а се приклучи и Александар Саша Рајковиќ со неговиот тромбон на кој свири долги години во бендот на светски познатиот музичар Горан Бреговиќ. Оваа интересна музичка соработка доби видео запис во продукција на Иноватива Груп и во режија на Владимир Дади Ивановски, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑