26 јануари, 2015

Погледнете го „Detroit VS Everybody“ од Еминем

Темата „Detroit VS Everybody“, во која учествуваат и Биг Шон, Дени Браун, Трик Трик, Деџ Лоуф и Ројс Да 5’9’’ и која се најде на минатогодишното компилациско издание „Shady ХV“ на Еминем, деновиве доби и свое едноставно црно-бело видео издание, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Двојната компилација „Shady XV“, која беше објавена на 24 ноември минатата година, содржи нов материјал, како и дел од најголемите хитови на Еминем и колегите од неговата етикета „Шејди рекордс“, меѓу кои и неговата „Lose Yourself“„In Da Club“ на Фифти Сент и други.



Врати се горе ↑