13 декември, 2012

Погледнете го „Daylight“ на Марун 5

Бендот Марун 5 го претставува најновиот сингл од актуелниот албум „Overexposed“ на малку необичен начин. Имено, за нумерата „Daylight“ снимија видео запис во форма на краток филм, во кој бендот ги покани фановите по пат на видео да им испратат изјави во кои опишуваат „нешто што е за нив посебно“, со цел да креираат заеднички спот. Како резултат на тоа е мини-филмот со наслов „The Daylight Project“, во кој со музичка подлога и многу дијалози и изјави, во 10 минути се претставени стотина изјави на страв, тага, надеж и љубов. Погледнете за што станува збор.



Врати се горе ↑