7 ноември, 2013

Погледнете го „Daydreaming“ од Парамор

По видео записите за темите „Now“ и „Still Into You“, како и анимираниот „Anklebiters“, Парамор деновиве го претставија видео записот за третиот официјален сингл од актуелното издание „Paramore“, а тоа е песната „Daydreaming“, чија продукција ја потпишува Џастин Мелдал Џонсен. Иако беше најавено дека третиот сингл ќе биде темата „Ain’t It Fun“, во соопштението се наведува дека оваа одлука не е повлечена, но ќе биде објавена како сингл подоцна.

Бендот во моментов е точно на средината од својата турнеја низ Северна Америка, која ќе продолжи со настапи во Австралија и Нов Зеланд. Како изгледа новиот видео запис можете да видите горе.



Врати се горе ↑