21 февруари, 2014

Погледнете го „Dark Horse“ од Кејти Пери

Поминаа неколку месеци откако Кејти Пери го објави синглот „Dark Horse“, кој постигна огромен успех на сервисот iTunes уште пред да биде објавен и самиот албум „Prism“. Оваа песна во која гостува раперот Џуси Џеј деновиве доби и свое видео издание. Пејачката пред неколку дена настапи и на доделувањето на британските музички награди BRIT Awards 2014, па може да се каже дека целокупната изведба со кореографијата и сценографијата претставуваше најава за видео записот кој исто така наликува на живописна и шаренолика египетска импровизација.

Имено, пејачката е претставена како Клеопатра, а приказната на самиот видео запис потсетува на легендарниот „Remember the Time” кој во 1992 година го претстави Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑