7 мај, 2014

Погледнете го „Dare (La La La)“ од Шакира

Од актуелното десетто студиско издание на Шакира деновиве пристигна и третиот сингл, а тоа е темата насловена „Dare (La La La)“. Оваа енергична песна, чии автори меѓу другите се и Макс Мартин и Д-р Лук, ќе се најде и на претстојниот музички албум на ФИФА за СП во фудбал, кој ќе биде објавен на 13 мај. Како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑