30 април, 2013

Погледнете го „Damla damla“ од Бертан Аслани

Вчера албанскиот пејач и продуцент Бертан Аслани го претстави својот нов синл насловен „Damla damla“, кој е испеан на турски јазик. За текстот се погрижи Ахмет Куртиш, а музиката и аранжманот се заеднички на Бертан и Роберт Билбилов. Аслани веќе има издадено еден албум за турскиот пазар, кој постигна забележителен успех.

Како што вели Роберт, ова е материјал на кој работеле скоро цела година и едвај чека да го слушнеме целиот албум, кој веројатно ќе пристигне наскоро. До тогаш слушнете како звучи одличната „Damla damla“.



Врати се горе ↑