15 февруари, 2016

Погледнете го „Да ми је да ми се врати“ од Јелена Томашевиќ

Познатата српска пејачка Јелена Томашевиќ деновиве го претстави видео записот за песната „Да ми је да ми се врати“, која се најде на минатогодишниот албум „Име моје“. Ова е трета екранизација на песна од албумот, кој го најави со хитот „Радио свира за нас“, како и насловната нумера „Име моје“.

Музиката и текстот на оваа балада ги потпишува црногорскиот музичар Сергеј Четковиќ, аранжманот, клавијатурите, миксот, мастерингот и продукцијата се дело на нашиот продуцент Дарко Димитров, акустичните гитари ги отсвири Александра Милутиновиќ, а придружните вокали заедно со Томашевиќ ги отпеа и нашата Елена Ристеска. Видео записот се снимаше на Златибор и хотелот „Палисад“ – Златибор, во режија на Ведад Јашаревиќ, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

Фотографија: Милош Надаждин



Врати се горе ↑