18 мај, 2013

Погледнете го „Country & Western“ од Васил Хаџиманов бенд

Васил Хаџиманов бенд неодамна го објави петтиот студиски албум насловен „Can You Dig It“, кој за рекордни четири денови е снимен во Мостар. Албумот содржи десет песни, од кои осум се авторски, една е македонската народна песна „Марика, мома убава“ и обработка на песната на Џон Скофилд „What it is“.

Од ова издание бендот вчера го објави и видео записот за песната „Country & Western“, во кој музичарите играат улоги на јунаци од Дивиот Запад, а како тоа изгледа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑