10 декември, 2012

Погледнете го „Clown“ на Емели Санде

Британската пејачка Емели Санде (Emeli Sandé) претстави уште еден нов сингл и видео запис, а тоа е нумерата „Clown“ од успешниот деби албум „Our Version of Events“. Како што пишува music-news.com, оваа година уште една британска авторка и пејачка се истакна со огромен успех на нејзниот деби албум кој го издаде минатата година, во Велика Британија е продаден во преку милион примероци, вкупно 24 недели беше во топ 10 официјалната листа на албуми, во септември го надмина и албумот „21“ на нејзината колешка Адел, а од албумот излегоа и два „број 1“ синглови – соработките со Професро Грин и Лабиринт. Санде (25) е исто така и авторка на некои од песните кои на своите нови албуми ги претставија Ријана и Алиша Киз, а сега од деби албумот, Санде го претставува и новиот сингл и видео запис за песната „Clown“, чија продукција ја потпишува Ноти Бој (Naughty Boy), додека за режијата беше задолжен Виз (Wiz).

 

Извор: mtv/music-news.com



Врати се горе ↑