28 март, 2013

Погледнете го „Chelsea Hotel No. 2“ од Лана Дел Реј

Како што пишува Billboard, кога Лана Дел Реј ќе посака да објави нова песна или видео запис, тоа го прави без никаква најава, на сред ноќ. Таков е и случајот со преработката на баладата „Chelsea Hotel No. 2“, која оригинално ја отпеа Леонард Коен во 1974 година и во која се раскажува приказна за авантура за една ноќ (за која Коен подоцна открил дека станувало збор за Џенис Џоплин).

Оваа песна и видео запис секако го носат препознатиливиот печат на Дел Реј – по малку мрачно и екстравагантно. Како изгледа и звучи сето тоа погледнете горе.

 



Врати се горе ↑