22 април, 2014

Погледнете го „Chase The Paper“ од Фифти Сент

Како што е познато, американскиот рапер Фифти Сент го најави својот нов албум „Animal Ambition“ за 3 јуни, а новиот материјал го најавува со серија нови синглови. Како шести сингл беше избрана темата насловена „Chase The Paper“ која доби и свое видео издание, а во песната гостуваат и колегите Продиџи, Кид Кид и Стајлс Пи. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

Уште една вест поврзана со познатиот рапер е нова анимирана серија според неговата книга „Playground“ која ја објави во ноември 2012 година. Имено, неговиот син Маркес го инспирирал да ја напише оваа книга во која се зборува за деца жртви на насилство од своите врсници. Серијата ќе биде во продукција на телевизиската мрежа Фокс.



Врати се горе ↑