7 мај, 2014

Погледнете го „Chandelier“ од Сиа

По текстуалниот видео запис за темата „Chandelier“ од Сиа деновиве доби и официјален видео запис кој го потпишуваат самата пејачка заедно со Даниел Аскил, а главна ѕвезда е 11-годишната танчерка Меди Зиегл, ѕвездата на серијалот „Dance Moms“. „Chandelier“ е првиот сингл со кој австралиската хитмејкерка го најавува својот нов албум насловен „1000 Forms Of Fear“, чие објавување е најавено за летово. Автори на песната се Сиа и Џеси Шаткин, додека за продукцијата беше задолжен Грег Крстин.

 



Врати се горе ↑