9 ноември, 2014

Погледнете го „Champs Elysées“ од Заз

Како што Ви пренесовме неодамна, познатата француска пејачка Заз сними албум посветен на градот на светлината, а изданието насловено едноставно „Paris“, кое содржи 12 преработки на најпознатите шансони кои ја опеваат француската престолнина, ќе биде објавено утре (10 ноември). Веќе имавте можност да ја видите и слушнете одличната преработка на „Paris sera toujours Paris“, а по повод утрешното објавување на албумот, пејачката денеска го претстави видео записот за уште една мошне позната француска шансона која го опева булеварот „Елисејски полиња“, односно „Champs Elyséеs“. Оригиналната верзија ја претстави Џо Дасен во 1969 година, а како звучи во интерпретација на Заз можете да слушнете и видите горе.

 „Paris“ е трето студиско издание за „модерната Едит Пјаф“, а во подготовката на материјалот, меѓу другите, ѝ помогна и легендарниот композитор,  продуцент и горд сопственик на 27 Греми статуетки, Квинси Џонс.



Врати се горе ↑