18 април, 2013

Погледнете го „Can’t Hold Us“ од Меклмор и Рајан Луис

По големиот хит „Thrift Shop“, дуото Меклмор и Рајан Луис на неодамнешните MTV филмски награди премиерно го изведоа нивниот сингл „Can’t Hold Us“, а нивниот настап беше збогатен со цел маријачи оркестар и Р&Б пејачот Реј Далтон.

А сега, непосредно по нивниот одличен настап, стигнува и исто толку луд и спектакуларен видео запис, во кој популарното хип-хоп дуо Ве води на шестминутно патување околу светот – од Нов Зеланд до САД, Меклмор и Рајан Луис окупираат пиратски бродови, јаваат на камили, се качуваат на планина, скокаат од авион и прават сè што е можно во обидот да го истакнат знамето со името на својот албум „The Heist“. Како тоа изгледа можете да погледнете горе.

 

 



Врати се горе ↑