15 февруари, 2013

Погледнете го „Burning Desire“ на Лана Дел Реј

Лана Дел Реј од неодамна соработува со британскиот произведувач на автомобили Јагуар, а првиот проект со кој е официјализирана нивната соработка е видео записот за песната „Burning Desire“, во кој се појавува Јагуар Ф-тип.

Со овој видео запис се најавува и специјалниот филм за популарниот бренд на автомобили, за чија режија е задолжен Ридли Скот. „Филмската форма отсекогаш ми била многу драга и се гордеам што сум дел од визијата за новиот автомобил на Јагуар“ – изјавила Лана. Погледнете како изгледа финалниот производ од оваа соработка.



Врати се горе ↑