29 април, 2013

Погледнете го „Bout Me“ од Виз Калифа

Во најновиот сингл и видео запис од актуелниот албум „O.N.I.F.C.“, кој во декември го презеде првото место на американската Р&Б/Хип-хоп листа на албуми – песната „Bout Me“, Виз Калифа решил да ја собере „целата екипа“. Во видео записот кој го режираше Френк Паладино, не се појавуваат само гостите во песната – Проблем & Иамсу!, туку скоро сите кои во моментов го опкружуваат познатиот рапер, како и повремено очекуваните бизарни реквизити како што се ковчези за египетски мумии, куфери полни со пари, шампањ и неизбежните „супстанци“. Како тоа изгледа можете да погледнете горе.

Извор: Billboard



Врати се горе ↑