28 декември, 2012

Погледнете го „Боља“ на Екс Миша

Екс Миша (Ex>Misha), lo-fi електро кантавторот од Белград, го објави својот прв видео запис за песната „Боља“ од неговото најново издание „Домашниот албум“. Спотот го потпишува Студио Гојко, познат по соработките со имиња како што се Јарболи, Петрол и Дарквуд Даб (Darkwood Dub).

Самиот автор наведува дека песната ја опишува состојбата на мрзлива депресивност и борба со сопствената инерција, што е драматизирано со механички танц на изведувачот и неговата танцувачка трупа, како и со борбата на главниот протагост сам со себе.

Извор: Mtv.rs



Врати се горе ↑