11 ноември, 2014

Погледнете го „Blank Space“ од Тејлор Свифт

Пред две недели Тејлор Свифт го објави својот трет студиски албум „1989“, кој за само седум дена беше продаден во над 1,2 милиони примероци, со што стана и издание со најголема заработувачка оваа година, а пејачката се здоби со титулата прв изведувач кој има три албуми со над милион продадени примероци во првата недела од објавувањето. По хитот „Shake It Off“, вториот видео запис кој доаѓа од рекордерот „1989“ е темата „Blank Space“, чија екранизација е мошне интересна и драматична. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑