14 септември, 2014

Погледнете го „Blame“ од Келвин Харис и Џон Њуман

Популарниот шкотски диџеј и продуцент, кој сè уште е најплатениот диџеј за 2013 и 2014 година, Келвин Харис на почетокот на летото го најави своето четврто студиско издание со хит синглот „Summer“, а неодамна како втор сингл беше претставена и соработката со британскиот пејач Џон Њуман, темата насловена „Blame“. Токму оваа песна сега доби и свое видео издание за чија режија бил задолжен Емил Нaва и во кое покрај музичарите се појавуваат и бројни манекенки. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 

 



Врати се горе ↑