9 јули, 2013

Погледнете го „Black Skinhead“ од Канје Вест

Новопечениот татко, раперот Канје Вест неодамна го претстави својот нов студиски албум „Yeezus“, а сега од ова издание се појави и видео запис за темата „Black Skinhead“. Анимираниот видео запис кој е изработен во CGI технологија, веројатно „протече“ на интернет, бидејќи го нема на официјалниот Vevo канал на Канје, ниту пак раперот го најавил преку Твитер (како што тоа вообичаено го прави).

Видео записот можете да го видите горе, а што се однесува на другите активности на Вест, раперот продолжува да се занимава со мода – на 14-ти јули ќе претстави нова модна колекција во соработка со францускиот бренд A.P.C.

Извор: www.billboard.com



Врати се горе ↑