31 март, 2014

Погледнете го „Big Homie“ од Паф Деди, Рик Рос и Френч Монтана

Познатиот американски рапер Шон Комбс, кој неодамна по шести пат го промени своето сценско име (повторно) во Паф Деди, денеска го претстави видео записот за неговата најнова соработка со колегите Рик Рос и Френч Монтана, а темата насловена „Big Homie“ е прв сингл со кој го најавува албумот „MMM (Money Making Mitch)“. Тројцата рапери за снимањето на видео записот поканија и други познати колеги, па во неколку сцени можете да ги видите и Снуп Дог, Ејсеп Роки, 2 Чејнз и диџеј Калид, а како изгледа сето тоа погледнете горе.

 



Врати се горе ↑