25 март, 2013

Погледнете го „Believe It“ од Мик Мил и Рик Рос

Во октомври минатата година, Мик Мил го објави својот долгоочекуван деби албум насловен „Dreams and Nightmares“ на кој, меѓу другите, гостуваа и Нас, Дрејк, Биг Шон, Џон Леџенд, 2 Чеинз и Мери Џеј Блајџ. А сега, по сингловите „Amen“ и „Burn (feat. Big Sean)“, стигнува и видео записот за третата песна од ова издание. Станува збор за нумерата „Believe It“, во која гостува Рик Рос и чија продукција ја потпишува ЈангШан (YoungShun). Во видео записот снимен во околината на Лас Вегас, екипата од Maybach Music Group  ги прави редовните активности како што се возење во лимузини со куфери полни со пари, пиење шампањ или многу важни работи преговори на сред пустина. Новиот видео запис во продуквија на Dre Films, сè уште не е објавен на официјалниот канал на Мик Мил на ЈуТјуб, па во меѓувреме можете да го погледнете во малку послаба резолуција.

Извор: Idolator/MTV

 



Врати се горе ↑