6 март, 2013

Погледнете го „Ashamed“ од Рик Рос

Не е лесно да се пресмета кој сингл е по ред новата песна која доаѓа од албумот „God Forgives, I Don’t“, кој Рик Рос го претстави минатата година. Ако не ја сметаме „Sixteen (feat. Adre 3000)“, која на крајот остана без видео запис, тогаш „Ashamed“ која ја продуцираа Кул и Дре е официјално четврт (или петти?) сингл од актуелното издание. Како што пишува магазинот Idolator, иако раперот постојано е под разни „закани“, беше приморан да ја откаже турнејата во декември, преживеа напад од огнено оружје од автомобил во јануари, а во февруари беше обвинет дека за песната „3 Kings“ користел одреден семпл, сепак во новиот видео запис нема да видиме ништо од тоа, туку само поглед во луксузниот и екстравагантен живот на „големиот газда“ на екипата собрана околу етикетата Maybach Music во продукција на Dre Films.



Врати се горе ↑