27 август, 2013

Погледнете го „Ascend“ од Горан Таневски

Како што Ви пренесовме во март годинава, Горан Таневски (поранешниот пејач на култниот македонски состав Мизар) работи на самостоен материјал, а проектот „Ascend“ ќе го претстави на концертни настапи. Веќе имавте можност да слушнете три теми, а насловната „Ascend“ деновиве доби  видео издание, чија промоција се случи во петокот (23-ти август) во старата чаршија во Скопје, проследена и со настап во живо.

Видео записот е во режија на Светислав Подлешанов, а улогите ги толкуваат Благица Димитровска и Дритон Вејсели. Ова е само почеток од низата настапи до крајот на годинава, а веќе на почетокот на септември Таневски е поканет да настапи на фестивал во соседна Бугарија.

 



Врати се горе ↑