31 март, 2013

Погледнете го „As Your Friend“ од Афроџек и Крис Браун

Холандскиот диџеј Афроџек иако сè уште не го издал неговиот деби албум (закажан за септември), веќе има историја со поп музиката. Тој  ја копродуцираше песната „Look At Me Now“ на Крис Браун, беше коавтор на „Give Me Everything“ на Питбул, а беше дел и од авторската екипа на „Run The World (Girls)“ на Бијонсе. Неговиот деби сингл насловен „As Your Friend“, во кој гостува Крис Браун, деновиве доби и видео запис во кој Браун воопшто не се појавува, но е доста интересен, по малку мрачен и „огнен“. Како тоа изгледа и звучи погледнете горе.

 

 



Врати се горе ↑