25 јули, 2014

Погледнете го „As Long As I Got You“ од Лили Ален

„As Long As I Got You“ е новиот сингл од актуелниот албум „Sheezus“ на Лили Ален. За оваа песна британската пејачка сними видео запис на неодамна завршениот фестивал Гластонбери, каде што и настапуваше. Ален често го посетувала овој фестивал и во детството, а токму таму се запознала и со својот сопруг. Сета таа приказна е прикажана во овој видео запис, кој можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑