30 јули, 2014

Погледнете го „Anything Goes“ од Лејди Гага и Тони Бенет

Како што најавија пред две години, претставувајќи ја песната „The Lady Is A Tramp“, која се најде на неговиот албум „Duets II“, 87-годишниот џез музичар Тони Бенет и неговата помлада колешка Лејди Гага сега се подготвуваат да објават заеднички албум со обработки на класични џез и блуз теми, а изданието кое ќе го носи насловот „Cheek To Cheek“, ќе пристигне на 23 септември. Како прв официјален сингл е претставена темата „Anything Goes“, а екранизацијата за оваа песна можете да ја погледнете горе.



Врати се горе ↑