1 октомври, 2014

Погледнете го анимираниот видео запис за „It Girl“ од Фарел Вилијамс

Популарниот хитмејкер Фарел Вилијамс го претстави видео записот за темата „It Girl“, која се најде на неговиот втор студиски албум „G I R L“, објавен во март годинава. Анимираниот видео запис инспириран од познатата игра „Покемон“, е дело на неговиот долгогодишен пријател и соработник, јапонскиот уметник Такаши Мураками (на нивната претходна соработка можете да се потсетите овде), а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑