26 декември, 2012

Погледнете го „Animal“ на Конор Мејнард

Британскиот пејач Конор Мејнард (Conor Maynard) сними интересен видео запис за неговата песна „Animal“ во соработка со Вајли (Wiley), која се најде на неговиот деби албум „Contrast“ издаден во јули годинава. Мејнард (20) дебитираше на музичката сцена со неговиот прв сингл „Can’t Say No“ во април, а покрај деби албумот, годинава за него беше доста успешна и со тоа што ја доби наградата MTV’s Brand New. Покрај Вајли, Конор соработуваше и со американскиот пејач Ни Јо, со кој заедно ја снимија „Turn Around“. Погледнете го „Animal“ на ова младо талентирано момче од Брајтон.

 



Врати се горе ↑